Де Ниро сиренце од фурна
(оригинален назив)

Рецепт

Состојки:

 – 200 гр. сирење (фета 70 проценти кравјо, 30 проценти козјо)
– 100 гр. кашкавал (што помасен толку подобро)
– 50 гр. домашен доматен сос
– 20 гр. млеко.

 НАЧИН НА ПРИПРЕМА

 Во земјено тавче се става сирењето исечено на парчиња по должина на тавчето. Се става доматниот сос па млекото и се покрива со кашкавалот. Најдобро е да се печи во фурна на дрва ( од каде е добиено и името ) на 250-300 степени, максимум 5 минути. Се служи со пица лепче исечено на парчиња.