Посветени на добрата храна

Повеќе од 15 години подготвуваме вкусна храна за Вас

Приказната Де Ниро во Битола започна на 1 декември 1994 год. Основачи – Силвана и Драги Филевски.
Започна со 5 масички и 5 вработени во Нова Битола. Силвана Филевски, Добринка Петровиќ, Даниела Велковска, Илче Ангелевски и Драги Филевски. За кратко време стана омилено место на Битолчани со позитивниот и љубезен пристап на вработените и тогаш револуционерното мени на италијанска храна прилагодена на овие простори (кое мени се до денес може да се сретни во многу битолски ресторани).
За три години пицеријата Де Ниро се сели во центарот на градот, за во 1999 година познатиот архитект Драган Ангелковиќ го дизајнира денешниот лик на Де Ниро на Кирил и Методиј бр 5.
Во 2001 година се отвора во истите простории првиот приватен хотел во центарот на Битола со шест соби и два прекрасни апартмани  (исто така дело на Д.Ангелковиќ). Со одличното ентериерско уредување и прекрасниот амбиент и храна, Де Ниро станува главна дестинација на многу посетители кои доаѓаат во Битола.
Сиренцето Де Ниро од фурна(1994 год.)на Драги Филевски и питата Де Ниро (2002 год.) на Пеце Стаматовски стануваат заштитен знак на Де Ниро и магнет за многу гости.
Меѓувреме, пицеријата Де Ниро напоредно работи со спремање на коктели во Битола и околината и беше незамисливо некој поголем коктел да помини без Де Ниров коктел ( досега Де Ниро има направено околу 400 коктели, најмногу за 2500 луѓе ).
2005 година почнува со работа култната Пивница Де Ниро која работеше 5 години и остави длабок печат кај младите Битолчани се до денес.
2007 година стартува Меѓународната колонија Де Ниро спонзорирана од Пицеријата Де Ниро, ГП Пелистер и главниот спонзор Витаминка од Прилеп. Во Колонијата Де Ниро досега имаат учествувано околу 250 автори од преку 20 земји. Исто така, Колонијата Де Ниро има направено 50-тина изложби во Македонија и надвор од неа.
Така Пицеријата Де Ниро и брендот Де Ниро стануваат незаборавно име во Битола и Македонија.
Во Пицеријата Де Ниро се правеле ликовни изложби, промоции на книги, се држеле предавања, тука почна Лајонизмот во 2006 година (за да денес брои преку 120 членови и е носител на ова хуманитарно движење во Македонија). Тука се одржувале театарски претстави, се готвело во живо, се правеле концерти, прес-конференции и многу други настани.
Групата Фонтана направи песна насловена “Ќе те чекам во Де Ниро” , ја напиша Валентин Соклевски, аранжман Николче Мицевски, а ја отпеа Павле Јаневски. Пишувале посветиле многу поети и поединци како Петре М.Андреевски, Панде Манојлов, Зоран Пејковски, Бранко Николов, и многу други.
Во 2013 година Весна Калпаковска, Софија Бејковска-Чачоровска и Александар Поповски го преведуваат менито од Хераклеа и преку Силвана Филевска тоа мени е претставено на македонската јавност и ставено во менито на Пицеријата Де Ниро.

Де Ниро стана име кое нема да се заборави затоа што приказната трае…….

prikazna
prikazna1

Органска храна од локалниот пазар

Со купувањето на локално произведени состојки, ги помагаме локалните бизниси и фармери

sirence

Нашата љубов кон храната
преточена во уникатниот рецепт Де Ниро сиренце

Де Ниро сиренцето во фурна  е првпат направено 14 ноември 1994 година од  Драги Филевски. Сиренцето е најблизок род на грчкото Саганаки, правено во печка и било многу суво, но со ставањето на доматниот сос, млекото и кашкавалот се добива правото, оригинално Де Ниро сиренце од фурна. Пица лепчето е додадено февруари 1995 год. за да се потисне јакиот вкус и мирис на сиренцето, па така 90 посто од угостителските објекти го служат на тој начин.
Пицеријата Де Ниро која прва почна да го служи во 1994 год. се однесуваше кон него како кон мал принц. Му се даваше многу внимание на самото припремање, но уште повеќе на послужување на истото со љубезно објаснување како да се јади.
За кратко време Де Ниро сиренцето стана мит и заштитно лице на пицеријата Де Ниро и следните години беше порачувано повеќе од сите јадења. Луѓе доаѓаа од цела Македонија во малата пицерија Де Ниро (во нова Битола) да го вкусат чудото викано Де Ниро сиренце од фурна.
2000 година после цели 6 години рецептот кој се чуваше многу внимателно по барање на мајката на Драги, Фанче Филевска, за Велигден беше објавен во Битолски весник, на средината од весникот на две страни, како поклон за битолчани.
Од тој момент па се до денес, Де Ниро сиренцето во фурна стана дел од сите угостителски објекти во Битола како заштитен знак на Битолчани, а сега го има скоро во сите градови во Македонија, а можеби и надвор од земјата.
За жал, многу малку ресторани го ставија во менито со оригиналното име Де Ниро сиренце во фурна, дури некаде е ставено како топено сирење, а некаде е видно изменат рецептот. Но, Малиот Принц Де Ниро сиренцето од фурна постои….. и ќе постои.

Рецептот можете да го најдете тука