Ноќи без интерпункција во “ДЕ НИРО”

“Дe Ниро” е единствен и по вкус и по квалитет, но и по естетика и сето она што го одбележува убавото и вредното. Топлината која зрачи од сите кои го сочинуваат Де Ниро дава нишка повеќе дека уникатното и оригиналното може да се почуствува само тука, во “Де Ниро”. Затоа, одбележувањето на 15 годишното постоење на хотел и ресторан “Де Ниро”, минува со безброј културни настани.

Не можам, а да не бидам присутен во избалансираната хармонија која овозможува силно експресионистичко чувство, во кое и најмалиот дел од човековото тело наоѓа свое задоволство. Премали се зборовите, за сето она убаво што може да се доживее во “Де Ниро”, за она што значи “Де Ниро” од првиот човек, па се до помошниот персонал.

Можеби и затоа сиве овие 15 години уживаме во вештините и мајсториите, во насмевките и топлите прегратки на сите оние што се дел од “Де Ниро”. А зошто е тоа така? Затоа што “Де Ниро” е  “Де Ниро” и затѕоа што сите сетила што човек може да ги спознае, лесно може да ги најде во “Де Ниро”. И утринското кафе кога се пие, се пие со добрамисла, со позитивна енергија, со мерак, што значи, овде баналности нема, овде се е изградено до совршенство, каков што впрочем и требга да ти започне, совршено убаво.

Навистина 15 години не се малку, затоа што во овие 15 години, човек постојано можеше да ужива во целиот тој единствен и уникатен амбиент, надополнет со хармонијата на најубавите кулинарски специјалитети, што ги има само овде, во “Де Ниро”.

“Де Ниро” е жива енциклопедија, затоа што постојано ги заживува спомените на старо-новите познанства, другарувања, љубови. Само колку девојки “паднале” на кулинарските вештини на готвачите, па чиниш дека нивните момци се љубоморни на на сите оние убави вкусови што може да се почувствуваат во “Де Ниро”.

И за да се зачуваат сите тие убавини, сите оние несекојдневни моменти, но и да се доживеат и сознаат уште поубавите иднини кои допрва ни доаѓаат, сопственикот на хотелите и рестораните “Де Ниро”, Драги Филевски и неговата прекрасна сопруга Силвана, ги изградија цврстите темели на иднината, но и обајцата не сакаа да се заборават така едноставно вложените 15-години во препознатливоста, во имиџот, во сублиматот на експресијата, во совршенството на “Де Ниро”. Затоа тие, овој ноември, 4-ри недели со ред организираат една долготрајна манифестација, во која не само што ќе се испробуваат новите тиресетина специјалитети  на “Де Ниро”, кој ќе ги приготвува преку посебни кулинарски ноќи сопственикот Драги Филевски, кои ќе се најдат во менито, туку и безброј културни активности, со кои ќе бидат проткаени, ако може така да се рече, ноќите без интерпункција.

А зошто ноќи без интерпунцкија? Затоа њто овие 4-ри недели во “Де Ниро” ќе има театар, поезија, песна староградска, и ќе се ужива и живее како во старите добри конзулски денови на Битола.

По тој повод, текстописецот Валентин Соклевски, ја напиша лесно певливата песна: “Ќе те чекам во “Де Ниро”.

… Ќе те чекам денес во “Де Ниро”,
Ќе се печи сиренце во фурна,
Сакаш вино, сакаш ладна бира,
Само дојди, ноќта ќе е будна.

Нашата песна тивко ќе се слуша,
И ниа неа муабет ќе течи,
Малку мајтап, стари рани да лечи…

А јас пак како поет и книжевник, по тој повод 15-годишнината на “Де Ниро” ја напишав песната: “Де Ниро” врата монденска-мерак битолски”, на овој строг и претпознатлив книжевен јазик.

…O i tempi meravigllosi
quel sogmo d’inspiracione
che dolce nostalgia

Нема цена ни мера за раскошните кочии
што ги носат тешките бисери на времето
зад силните бедеми што штитат од заборав
и златните порти на тајните мераци.

Широк мегдан за дружби и воздишки –
пристан и конак за душата,
бели мугри за стари боеми
меки дивани за нови конзули.

Се палат златните фенери
од машкиот здив на боемите,
пламнува факелот на гордоста
воздигната од магијата
задскриена зад трепките
на битолските убавици
што ги постилаат калдрмите
со ситен бисер на насмевки.

Долгите голтки од времето
за наситка на душата
немаат цена ни мерка
од искони до вечноста

De Niro
Che dolce poesia
La chiave dei venti…

Ете накусо, тоа е “Де Ниро”, место каде што ќе поетите ќе ги пишуваат и говорат своите песни, актерите ќе се подготвуваат за театарските премиери, ликовните уметници ќе ги прават своите скици пред да ги насликаат платната. И колку што во нив е силна и вечна боемијата и уметноста, толку е силно и вечно, “Де Ниро”.